дома Временска Прогноза УХМР НАЈАВУВА НЕВРЕМЕ: Влошување на времето се очекува од недела!

УХМР НАЈАВУВА НЕВРЕМЕ: Влошување на времето се очекува од недела!

До сабота ќе се задржи претежно сончево и топло време, а на места  максималната температура ќе биде над просекот за овој период од годината, во интервал од 30 до 36 степени.

Во недела нашето подрачје ќе потпадне под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса што ќе услови променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд, грмежи и повремено засилен југозападен ветер.

Пообилни врнежи се очекуваат во попладневните часови и во источните делови од земјава. Локално процесите ќе бидат поинтензивни.

Од понеделник следува посвежо и ветровито време.