дома Македонија УХМР пpeдyпpeдyвa: Cнeжнa пoкpивкa вo пoгoлeмиoт дeл oд дpжaвaтa

УХМР пpeдyпpeдyвa: Cнeжнa пoкpивкa вo пoгoлeмиoт дeл oд дpжaвaтa

Во попладневните часови ни претстојат врнежи од снег, кои во вечерните часови ќе се прошират насекаде, со тоа што во западните делови од земјата ќе бидат позастапени и пообилни, а на јужните подрачја ќе има врнежи и од дожд.

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи во поголемиот дел од земјата ќе се формира снежна покривка, во попладневните часови и во главниот град, а минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8 степени.

Од утре ќе преовладува претежно суво и многу студено време, кое ќе продолжи и во текот на викендите и во почетокот на наредната седмица кога и дневните температури во поголем дел од земјава ќе бидат под нулата.