дома Временска Прогноза УХМР со вондредна временска прогноза: Промена на времето од утре

УХМР со вондредна временска прогноза: Промена на времето од утре

Утре во текот на денот ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со засилен југоисточен ветер.

Попладне и во текот на ноќта кон вторник, под влијание на краткотраен, но интензивен влажен бран ќе има врнежи од дожд, најпрво во западните делови, а во текот на ноќта во источните. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Во западните делови се очекува на повеќе места да наврнат од 10 до 15 л/м2, а во источните локално и околу 20 л/м2. Можна е и ретка појава на грмежи. Од вторник попладне ќе преовладува променливо облачно и посвежо време.