дома Македонија УХМР со прeдупредување за нов бран на врнежи

УХМР со прeдупредување за нов бран на врнежи

До крајот на денот и за време на ноќта се очекува нов бран врнежи да ја зафати земјава. УХМР најавува пообилни врнежи во западните делови, каде прогнозира дека е можно да наврнат и над 30 литри на метар квадратен дожд.

Во следните денови ќе преовладува облачно време со врнежи претежно од дожд, повремено поројни и на места пообилни. Утре врнежи ќе има попладне и во текот на ноќта кон недела, а поради продор на постудена маса ќе има услови за повремен снег и на некои повисоки места во северните делови, а можна е и локална појава на замрзнат дожд. Во понеделник ќе биде потопло со врнежи од дожд, а ново заладување со врнежи од дожд и снег се очекува од вторник