дома Временска Прогноза УХМР co нajaвa: Cтaбилнo вpeмe и пocтyдeни yтpa

УХМР co нajaвa: Cтaбилнo вpeмe и пocтyдeни yтpa

Стабилно време со пониски утрински температури најавува Управата за хидрометеоролошки работи за наредниот период.

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 9, а максималната од 14 до 21 степен.

Во Скопје, ќе биде претежно сончево со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 18 степени.

Во текот на следната седмица времето ќе биде стабилно со студени утра и ниски минимални температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст.