дома Временска Прогноза УХМР co пpeдyпpeдyвaњe – ни дoaѓa нoв тoпoл бpaн, ocoбeнo нa oвoj...

УХМР co пpeдyпpeдyвaњe – ни дoaѓa нoв тoпoл бpaн, ocoбeнo нa oвoj дaтyм

Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен, а во западните делови умерен до засилен ветер од западен правец.

Времето во четврток ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од западен правец.

Во петок времето ќе биде сончево со умерена локална облачност. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец. Попладне, особено во северните делови ќе има локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи.

додека пак во сабота времето ќе биде сончево со умерена облачност и со умерен ветер од северозападен правец. Околу пладне ќе има локални врнежи од дожд.

УХМР предупредува и дека до четврток времето ќе биде сончево и многу топло со температури кои на југоистокот и вдолж Повардарието ќе бидат околу 40 степени. Согласно очекуваните вредности на температурата насекаде ќе биде активирано жолто ниво за опасност од високи температури.