Учебната година ќе започне со химна: Првиот ден во училиштата во Србија ќе почне со интонирање на националната химна

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Доколку училиштето нема разглас, химната треба да се пушти во секоја училница преку музички уред, компјутер или телефон
Првиот ден во училиштата во Србија ќе почне со интонирање на националната химна „Bože pravde“, информираа од српското Министерство за образование.

Доколку училиштето нема разглас, химната треба да се пушти во секоја училница преку музички уред, компјутер или телефон, појаснуваат за „Данас“ од српското Министерство за образование по најавата на министерот Бранко Ружиќ дека учебната година во сите училишта ќе почне на 1 септември со интонирање на националната химна.

„Првпат во историјата го правиме ова и важно е како граѓани да ги почитуваме знамето, грбот и химната и на тој начин да го зачуваме нашиот идентитет на најдобар можен начин“, изјави Ружиќ во интервју за „Вечерњи новости“.

Министерот Ружиќ претходно изјави дека наставата во училиштата ќе започне редовно, како и дека ќе се следи епидемиолошката состојба со коронавирусот, а истакна и дека одлуките ќе бидат приспособени доколку е потребно.

Како што вели, тој е горд што учебната година ќе започне нормално и дека е донесена одлуката да започне 1 септември во сите училишта низ Србија со изведување на националната химна.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This