дома Актуелно УЧИЛИШТАТА ОСТАНУВААТ ЗАТВОРЕНИ: Се ykинува државната матура и завршниот испит, децата не...

УЧИЛИШТАТА ОСТАНУВААТ ЗАТВОРЕНИ: Се ykинува државната матура и завршниот испит, децата не се враќаат во училишните клупи

Министерот за образование Арбер Адеми на својот фејсбук профил објави дека Владата на денешната седница усвои сет образовни мерки со кои обезбедуваме непречено функционирање на воспитно – образовниот систем! Меѓу нив е уkинувањето државната матура, училишната матура и завршниот испит за оваа учебна година!

-Учениците од основните и средните училишта не се враќаат во училишните клупи до крајот на наставната година!

-Тековната учебна година до крај ќе продолжи да се реализира преку организирање на далечинско учење, односно учење од дома! Уписот на првачињата за учебната 2020/2021 година ќе се врши во јуни! Се уредуваат уписите на високообразовните установи!