Професорот по диригирање и оркестар Ле Фи Фи вработен во Државниот музичко балетски училишен центар “Илија Николовски – Луј” објави видео од онлајн часовите по оркестар. Големо браво и за професорот и за учениците што се организирале и креирале вакво прекрасно музичко видео.
Оркестарот е комплексна работа и е составен од многу делови, а ова видео треба да биде мотивација за сите професори дека може да има успех и во онлајн наставата!
Секоја чест, видеото изгледа светски, а секако е како поттик за граѓаните да останат дома!