Уште две земји ја пpekинаа вакцинацијата со АстраЗенека, СЗО тврди дека нема докази дека вакцината е штeтнa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

И Франција и Италија ја запираат употребата на вакцината против коронавирусот на компанијата „АстраЗенека, приклучувајќи им се на листата европски држави кои тоа го сторија претходно – Германија, Холандија, Ирска и Данска, јави ДПА.

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека вакцинацијата ќе престане се додека Европската агенција за лекови (ЕМА) не спроведе нова проценка за тоа дали постои некаква врска меѓу вакцината и пријавените инциденти на згрутчување на крвта.

Макрон постапката ја нарече „мерка на претпазливост“ и додаде дека постои можност вакцинациите набрзо да продолжат.

Италијанскиот регулатор на лекови „Аифа“, исто така, прекинот на вакцинацијата со оваа вакцина низ целата земја го нарече „потег на претпазливост“.

„АстраЗенека“ вчера соопшти дека нема докази дека нивната вакцина против Ковид-19 го зголемува ризикот од згрутчување на крвта, пренесе ДПА.

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека нејзиниот советодавен одбор ги анализира извештаите поврзани со вакцината на „АстраЗенека“ против Ковид-19, но дека досега нема докази дека некои здравствени инциденти биле предизвикани од вакцината.– Штом СЗО добие целосен увид во настаните, своите налази и какви било измени во сегашните препораки ќе бидат јавно објавени веднаш, изјави портпаролот на СЗО, Кристијан Линдмаер.
Тој додаде дека до денеска нема докази дека инцидентите биле предизвикани од вакцината.

– Важно е кампањата за вакцинација да продолжи, за да можеме да спасуваме животи и да го запреме сериозното ширење на вирусот, рече Линдмаер.

Британскиот премиер Борис Џонсон рече дека вакцината против Ковид-19 на „АстраЗенека“ е безбедна и дека британската Влада е сигурна во нејзината употреба.

На прашањето дали може да ги увери луѓето дека вакцината е сигурна, Џонсон потврди дека може.

– Во MХРА (британска агенција за лекови) ги имаме најискусните регулатори во светот. Тие воопшто не гледаат причина да ја прекинат програмата за вакцинација. Значи, ние сме сè уште многу сигурни во програмата и убаво е да се види дека вакцинацијата се спроведува толку брзо низ Велика Британија, рече Џонсон

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This