дома Социјални Мрежи УШТЕ ЕДЕН ДИПЛОМАТ НА ЅИДОТ НА СООБРАЌАЈНИОТ СРАМ: Фатил две паркинг места,...

УШТЕ ЕДЕН ДИПЛОМАТ НА ЅИДОТ НА СООБРАЌАЈНИОТ СРАМ: Фатил две паркинг места, за да не му го изгребат Поршето

По се изгледа дека немаат само политичарите проблеми со правилно паркирање во Скопје, а истата „мака“ ја мачат и дипломатите во земјава. Така денеска, возачот на ова луксузно возило со дипломатски таблички си искористил две паркинг места за што покомотно да се паркира во центарот на Скопје.

Фотографијата беше објавена на Фејсбук групата Ѕид на сообраќајниот срам, а корисниците на социјалните мрежи меѓу другото коментираат дека очигледно законите во Македонија важат само за обичниот граѓанин.