дома Македонија Уште еден кандидат за градоначалник на Скопје: Поранешен пратеник на НСДП независен...

Уште еден кандидат за градоначалник на Скопје: Поранешен пратеник на НСДП независен кандидат за главниот град

Некогашниот пратеник Љубомир Јосифовски ќе се кандидира како независен кандидат за градоначалник на главниот град Скопје.

Тој денеска на социјалните мрежи објави дека собира 1.000 потписи и дека ја поднел својата кандидатура до Државната изборна комисија (ДИК).

Јосифовски е предложен од „Група граѓани“ и како независен кандидат ќе се бори за град Скопје, а потписите за него веќе се собираат.