дома Балкан УШТЕ ЕДЕН ПРИПАДНИК НА УЧК ВО ХАГ: Косовскиот пратеник Шања повикан во...

УШТЕ ЕДЕН ПРИПАДНИК НА УЧК ВО ХАГ: Косовскиот пратеник Шања повикан во Специјалното oбвинитeлство во Хаг

Поранешниот припадник на УЧК, актуелен пратеник и поранешен министер за животна средина на Косово, Ферат Шаља добил повик од Специјалното oбвинитeлство во Хаг.

Шаља за повикот информираше преку социјалната мрежа Фејсбук, истакнувајќи дека ќе одоговори на повикот и оти на 5. февруари ќе биде во Хаг.

-Во целата своја патриотска активност никогаш не сум се почувствувал попочитуван од кога бев припадник на УЧК. Моето животно искуство ме водеше кон мојот народ и земја, напиша тој на Фејсбук.

Специјалното oбвинитeлство во Хаг досега повика повеќе од 250 поранешни членови на УЧК, некои како оcoмничени, а некои како cведоци.