дома Религија УШТЕ ЕДЕН РАСКОЛНИК ВО РЕДОВИТЕ НА МПЦ: Владиката Наум бара од Бугарите...

УШТЕ ЕДЕН РАСКОЛНИК ВО РЕДОВИТЕ НА МПЦ: Владиката Наум бара од Бугарите да побрзаат и да ја искористат шансата, БПЦ да стане мајка на МПЦ!

Бугарија и Република Македонија имаат заедничка религиозна историја. Бугарската православна црква има шанса да стане црква мајка на Македонската православна црква (МПЦ) со самото нејзино признавање, изјави митрополитот струмички владиката Наум во интервју за БТВ.

Тој вели дека политички се причините зошто автокефалноста на Македонската православна црква сѐ уште не е призната.

„Испративме писмо до Светиот синод на БПЦ со барање да се дискутира прашањето за признавањето на Македонската православна црква – Охридска архиепископија од Бугарската православна црква. Чекаме одговор од бугарскиот Синод. БПЦ има шанса со самото признавање на МПЦ да стане црква мајка на МПЦ. Тоа е ретка историска шанса што БПЦ не треба да ја пропушти “, категоричен е митрополитот Наум.

„Ние сме биле дел од бугарската егзархија. Луѓето тогаш, кон крајот на XIX и почетокот на XX век биле поделени меѓу Егзархијата и Цариградската патријаршија, но повеќето – 95%, биле егзархисти”, потсети македонскиот владика.

Владиката Наум го истакна и големото значење на Договорот за добрососедство меѓу Република Македонија и Бугарија и додаде дека е тоа само почеток.