дома Русија УШТЕ ЕДЕН РУСКИ ДИПЛОМАТ МРТОВ: Петр Полшиков пронајден мртов со две прострелни...

УШТЕ ЕДЕН РУСКИ ДИПЛОМАТ МРТОВ: Петр Полшиков пронајден мртов со две прострелни рани!

Педесет и шест годишниот Петр Полшиков е пронајден со прострелни рани во пределот на главата во својот дом во Москва.

Руски медиуми објавуваат дека за смртта на рускиот дипломат се дознала само неколку часа по атентатот на рускиот амбасадор во Анкара Андреј Карлов.

Според пишувањата на руските медиуми во моментов истрагата работи на прибирање на докази и откривање за тоа дали станува збор за убиство или самоубиство. Покрај телото на дипломатот биле пронајдени и две чаури. Неговата сопрга била во домот, но не е повредена.

Официјална потврда за смртта на Полшиков од одделот во руското МНР каде бил вработен, засега нема.