дома Македонија УШТЕ ЕДЕН СКАНДАЛ:Регулаторна комисија вработува паркирачи на автомобили!

УШТЕ ЕДЕН СКАНДАЛ:Регулаторна комисија вработува паркирачи на автомобили!

Откако јавноста беше скандализирана од објавениот оглас на државната компанија МЕПСО, во кој се бараше копирант со завршено средно образование и без работно искуство, за плата од 25.000 денари, обелоденет е уште еден скандал.

Во Регулаторната комисија за енергетика се бара вработување на „луѓе за паркирање автомобили“, во делот „услуги за заедничко одржување на административната зграда“.

Во оваа графа спаѓаат и портири, хигиеничари, трошоци за одржување и сервисирање на лифтови и слично, а вкупните трошоци за овие услуги на годишно ниво изнесуваат 2,2 милиони денари.

Засега нема податоци за тоа колкави се платите на паркирачите на автомобили. Но, информацијата сама по себе е скандалозна.

Сиве овие информации за непродуктивно трошење народни пари зборуваат дека Владата треба многу посериозно да внимава како се трошат парите што се собираат од даночните обврзници.