дома Македонија УШТЕ ЕДЕН СЛУЧАЈ НА HEПOТИЗAМ: Командираот на ПС- Македонски Брод си ја...

УШТЕ ЕДЕН СЛУЧАЈ НА HEПOТИЗAМ: Командираот на ПС- Македонски Брод си ја унапредил целата фамилија вработена во МВР!

Не минува ден без случај на непотизам во јавната администарација. Имено до нашата редакција пристигнаа информации за нов случај на нeпoтизaм овој пат во Македонски Брод. Имено според информациите до кои стигна нашата редакција командирот на полициската станица Македонски Брод на висока позиција во станицата односно во МВР го наместил својот баџанак кој сега зема плата од неверојатни 50 илјади денари.


Сепак ова не е изолиран случај, поради фактот што и неговата сопруга исто така добила ,,сочно” унапредување во станицата на работна позиција на која сеа и таа зема поголема плата.

Да се потсетиме дека во Македонија владеа таканаречена eпидемиja на нeпoтизам која ги зафати владините функционери и нивните блиски. Очигледно ваквата состојба не е изразена само кај нависоките функционери, пратеници и министри туку и кај пониските ешалони и поставените партиски послушници на раководни места во јавната администрација.