дома Актуелно Уште еден член на СДСМ поднесе кандидатура за лидер

Уште еден член на СДСМ поднесе кандидатура за лидер

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска информира дека до Централната изборна комисија, кандидатура за претседател на партијата поднел и Властимир Алексовски.

Властимир Алексовски е член и активист на СДСМ од општинската организација на партијата од Куманово. По анализирање на поднесената документација и утврдување дали апликацијата на Алексовски е согласно правилникот и дали ги исполнува пропишаните услови, Централната изборна комисија ќе соопшти дали ја верификувала апликацијата, велат од партијата.

Досега официјални кандидатури поднесоа поранешната потпретседателка на партијата, Фросина Ременски и актуелниот заменик-министер за финансии, Димитар Ковачевски.

Можни кандидатури најавија и поранешниот директор на УБК, Миле Зечевиќ и актуелниот директор на ТИРЗ, Јован Деспотовски.

Рокот за поднесување кандидатури истекува утре во 16 часот.