дома Балкан УШТЕ ЕДНА ПОТВРДЕНА НАРАЧКА: Србија набавува и борбени хеликоптери МИ-35, ПВО системи...

УШТЕ ЕДНА ПОТВРДЕНА НАРАЧКА: Србија набавува и борбени хеликоптери МИ-35, ПВО системи и тенкови

Министерот за одбрана на Србија Александар Вулин најави дека по средбата со рускиот колега Сергеј Шојгу договорена е набавка за нови хеликоптери

„Како и секоја армија, српската војска настојува што подобро да се опреми и вооружи. Бидејќи ние ја знаеме вредноста на мирот, секогаш мораме да бидеме спремни за најлошото. Ако имаме силна војска, ќе имаме и мир. Во овој момент, веќе договоривме да започнеме со купување на четири транспортни хеликоптери МИ-17 и уште четири борбени хеликоптери МИ-35.“ – рекол Вулин.

Освен ова Србија планира набавка на „МиГ-29“ авиони, тенкови М-72, пешадиски возила и ПВО системи.