дома Хроника Уште едно лице им подлегна на повpeдите, двајца се бopaт за живот...

Уште едно лице им подлегна на повpeдите, двајца се бopaт за живот по сообраќајката кај Маврово

Едно од повредените лица во страшната сообраќајка кај Маврово им подлегна на повредите. Денеска почина 34- годишниот Г.Т., додека други две лица се борат за живот.

Во стравичната сообраќајка која се случи завчера, на 13 април околу 16 часот на регионалниот пат Маврови Анови-Дебар, на лице место животот го загуби уште едно лице.

Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски тогаш информираше дека во несреќата учествувале автомобил „хундаи акцент“ со скопски регистарски ознаки управуван од 68-годишниот А.Ѓ. од Скопје и товарно возило влекач „ман“ со приколка со српски национални ознаки, управувано од 52-годишниот Љ.Д. од Панчево.

-Во несреќата возачот на патничкото возило починал на самото место, а тројцата сопатници од истото возило М.Р.(26), Ј.Т.(30) и Г.Т.(34) биле пренесени во Скопје за укажување на лекарска помош, информираше Јосифоски.

Но, денеска за жал почина и сопатникот Г.Т.,а другите двајца сопатницисе борат за живот во Скопје.