дома Македонија УШТЕ ЕДНО ПАРТИСКО ВРАБОТУВАЊЕ: Сопругот на градоначалничката на Арачиново вработен во ПУИГ?

УШТЕ ЕДНО ПАРТИСКО ВРАБОТУВАЊЕ: Сопругот на градоначалничката на Арачиново вработен во ПУИГ?

Дали е на повидок уште еден скандал со партиски вработувања во државни институции? Нема крај на партиските вработувања на роднини и пријатели на високи функционери на локалната и централната власт на СДСМ. До нашата редакција пристигна информација дека Агрон Халими сопругот на градоначалничката на Арачиново, Миликије Халими е вработен во државното претпријатие ПУИГ. Имено токму во АД за Стопанисување со стамбен и деловен простор за неверојатна плата од 40 илјади денари е вработена сестрата на директорката на Централниот Регистар Марија Бошковска Јанквоски, Емилија Бошковска. Таа по вокација е психолог, но досега работела приватно како фризерка.

Да се потсетиме дека Агрон Халими, сопруг на градоначалничката на Арачиново од СДСМ, Миликије Халими, е вмешан во бизнисот со шверц на цигари од 2016 година, а доказ за неговата вмешаност во шверцерскиот бизнис се двете пресуди за криумчарење но и една пресуда за поткуп. Тој заедно со Перо Стојчев, синот на осудениот градоначалник на Ново Село, Боро Стојчев  повеќе пати изминативе години од страна на граничната полиција се регистрирани на илегалните премини на источната граница, дознава редакцијата на „Инфомакс“ од полициски извори. Дали сега тој бара нов извор на егзистенција?