дома Социјални Мрежи УШТЕ Е ВРЕМЕ КОМИТСКО: Мајче, секоја твоја солза нема да биде залудно...

УШТЕ Е ВРЕМЕ КОМИТСКО: Мајче, секоја твоја солза нема да биде залудно пролеана…

Претседателот на Унијата на Млади Сили на ВМРО-ДПМНЕ Лука Кржалоски денес во Кавадарци ја посети госпоѓата кои солзи лееше од својот балкон. Претседателот Лука во знак на почит и подари Македонско знаме и на својот фејсбук профил напиша

Мајче, секоја твоја солза нема да биде залудно пролеана.
Секој плач за Македонија, е искрен крик за нејзино ослободување од оваа црна чума што надвиснала над неа.
Ние младите мајче, ти ветуваме дека ќе ја браниме секоја педа земја од нашата татковина и ќе го зачуваме ова наше свето и вековито име,
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!
ДА ЖИВЕЕ!!! 🇲🇰🇲🇰🇲🇰