дома Македонија Уште колку животи треба да згаснат за некој конечно да одговара за...

Уште колку животи треба да згаснат за некој конечно да одговара за сето ова што се случува?

Репортерката на Дојче Веле, Арбнора Мемети на својот Фејсбук го постави клучното прашање во овие тешки моменти за македонските граѓани, што ли уште треба да се случи за некој да понесе одговорност во Македонија.

-Неодговорноста на некои владини функционери граѓаните ја плаќаат со живот.
Tехничките прегледи на Дурмо Турси се платени со живот, изградбата на модуларна болница во Тетово се плаќа со живот…

46 граѓани денеска со живот платија за низа други отстапки кои една по друга се објавуваат во медиумите.. Уште колку животи треба да згаснат за некој конечно да одговара за сето ова што се случува, прашува Мемети.