дома Занимливости УШТЕ НЕ Е ГОТОВО: „Игра на тронови“ продолжува во 2022 година

УШТЕ НЕ Е ГОТОВО: „Игра на тронови“ продолжува во 2022 година

Продолжението за „Игра на тронови“ ќе започне да се прикажува во 2022 година, пишува theverge.com.

Проектот ќе го води Џорџ Р. Р. Мартин и Рајан Кондал, Мигуел Сапочник ќе биде водечки продуцент и режисер на серијата „House of the Dragon“.

Водителот на програмата за телевизиската куќа HBO, Кеси Блојс, изјавил дека развојот на овој проект „ќе биде приоритет број еден“.

За епизодите кои следат започнало пишувањето на сценарио според книгата „Fire and Blood“ на познатиот автор. Случувањето ќе се одвива 300 години пред оригиналната серија, а ќе се посвети на односите и потфатите на Куќата Тајгериен.

Блојс не сакал многу да открива за содржината, но открил дека станува збор за „голем и захтевен проект“.

Тој само го навел отприлика датумот за почеток на прикажувањето, бидејќи „било прерано за прецизни термини“.