дома Македонија Уштe еден македонски лекap ја зaгyби битkaта со Koвид 19

Уштe еден македонски лекap ја зaгyби битkaта со Koвид 19

Уште еден здравствен работник ја загуби битката со коронавирусот. Од компликации од Ковид – 19 почина радиологот Поликсена Стојановска – Ѓоргиевска од Здравствениот дом во Ресен.

Вработените од Здравствениот дом со емотивна порака се простија од својата колешка, која ја изгуби битката со вирусот.

Тешко е да се простиш од некој и да кажеш збогум кога е тој нераскинливо врзан за твоето постоење и функционирање. Но е лесно кога треба да кажеш што се тој човек значи за нас. Поликсена Стојановска – Ѓоргиевска- нашата Поли – специјалист по радиодијагностика. Целиот свој работен век е дел од овој колектив, сето свое знаење и квалитет ги вгради во оваа институција, цела своја човечност и топлина им ја даде на пациентите во Преспа, велат колегите.

Стојановска – Ѓоргиевска ја опишуваат како насмеана, тивка, одмерена, но со силен став и професионалност.

Беспрекорна во својата работа, без компромисно да одговори на лекарски позив, па дури и во овие времиња- невремиња беше во првата линија, не враќајќи ниту еден пациент, не отстапувајќи – ниту еден ден. Глас никогаш не повиши, но одекна многу далеку и силно. Прекрасен човек, голем професионалец, незаменлива сопруга и мајка. Чест ни е што беше дел од овој колектив, што имавме прилика да чекориме покрај тебе во животот и работата, стои во прошталната порака од вработените од Здравствен дом – Ресен.