дома КОВИД-19 (Коронавирус) Уштe eдeн ckaндaл ja пoтpece Македонија: Hoвo пpeкpшyвaњe нa peдoт зa вakцинaциja...

Уштe eдeн ckaндaл ja пoтpece Македонија: Hoвo пpeкpшyвaњe нa peдoт зa вakцинaциja – инфopмaтичap oд ГОБ „8 септември“ ce вakциниpaл пpeку peд

Вработен во секторот за информатичка технологија во ГОБ „8 септември“ се вакцинирал преку ред иако не бил во првата група здравствени работници кои се најизложени на коронавирусот. Се вакцинирал во четвртокот и со тоа им го зел редот на вработените во ковид центарот, објави А1.он.

– Немам коментар, обратете се во болницата, е официјалниот став на информатичарот.

Без одговор на прашањата од страна на А1он е и директорот на ГОБ „8 септември“, Христијан Костов, кој одбил да објасни како се случило информатичарот да се најде меѓу првите на списокот за вакцинација.

Преку ред се вакцинираше и секретарот на Охридската болница за кој вчера Министерството за здравство соопшти дека ќе биде разрешен и суспендиран.