дома Македонија УЈП: Боки 13 го купувал мебелот од својата телевизија, не му се...

УЈП: Боки 13 го купувал мебелот од својата телевизија, не му се чисти ниту концертите на Шерифовиќ и Северина

Додека е во притвор 1ТВ му го префактурирала на Бојан Јовановски мебелот кој бил во телевизијата. Станува збор за трпезариска маса, кујна, гарнитури, соопшти денеска Управата за јавни приходи. Со ова дејство 1ТВ му го продава на Јовановски овој мебел и тој е задолжен да го плати, пренесува Фактор.

Ова е само еден детал од истрагите на УЈП во Меѓународен сојуз, БЈ медиа груп, 1ТВ и Томато доел. Од УЈП утврдиле дека за промоциите на концертите на Марија Шерифовиќ и Северина не се даночно чисти, односно се евидентирани како приходи а за нив не е платен данок.

УЈП за ова ќе поднесе кривични пријави Повеќе детали наскоро.