дома Балкан Уaпceни татко и два сина во врска со тројното yбиcтво во Косово

Уaпceни татко и два сина во врска со тројното yбиcтво во Косово

Косовската полиција уапси три лица во врска со тројното убиство во Глоѓан. Главниот обвинител на Пеќ, Агим Курмехај, на прес конференција потврди дека се уапсени три лица на кои им е одреден 48-часовен притвор.

„По инцидентот започнавме интензивни истраги со помош на државното Обвинителство. По интензивна работа, приведени се три лица, поради сомнение дека сториле кривично дело тешко убиство. Обвинителството им одреди 48 часа притвор“ рече Курмехај.

Според осовските медиуми, уапсени се Халил Мехметај и неговите два сина Крешник и Малсор Мехметај од Глоѓан, додека пак за мотивот за тројното убиство медиумите пишуват дека е одмазда за самоубиството на 20-годишна девојка од Глоѓан, која се самоуби во 2020 година, за што семјеството го обвинува сега починатитот возач Гани Ѓокај.

На 26 ноември, во напад на автобус на линијата Ѓаковица-Дечан загинаа три лица – двајца ученици и возачот.