дома Хроника Уaпceн тeтoвчaнeц: Ги нaпaднaл poдитeлитe вo ceмejниoт дoм

Уaпceн тeтoвчaнeц: Ги нaпaднaл poдитeлитe вo ceмejниoт дoм

Полицијата вчера попладнето уапсила тетовец кој ги нападнал своите родители.

-Во 17 часот и 30 минути, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 27-годишниот тетовец Е.И. кој во семејниот дом околу 15 часот физички ги нападнал неговите родители на возраст од 46 години мајка му и 51 година татко му, а оштетил и еден прозорец, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Тој е задржан во Полициската станица Тетово за натамошна постапка по што ќе му биде изготвен поднесок.