дома Македонија Уcмpти девојче, доби 15 месеци затвop: Семејството бара пpaвда за Верица

Уcмpти девојче, доби 15 месеци затвop: Семејството бара пpaвда за Верица

Нашата Верица ништо нема да ја врати, но 15 месеци затвор за одземен млад живот се навистина премалку – вели мајката на Верица.

Преку нашиот адвокат ќе ја обжалиме малата казна со која струмичкиот суд му пресуди само 15 месеци затвор на 18-годишниот струмичанец И.Ч., возачот што на 7 април годинава на пешачки премин ја усмрти нашата Верица, вели за „Слободен печат“ Душка Белчовска, мајка на Верица.

Пресудата ја одмери судијката Цона Каламерникова. Младата Верица Белчовска кобниот ден преминувала на обележан пешачки премин на булеварот „Ленинова“ во Струмица. Токму тогаш автомобил „нисан“ што го возел И.Ч. удрил во неа и по несреќата избегал од местото на несреќата, а подоцна, истиот ден, самиот се пријавил во полициска станица.

Белчовска почина од тешките повреди во болница. По загинувањето, семејството ги донираше нејзините органи, кои спасија три животи.

Извор: Слободен Печат