дома Македонија Уkинат 30 дневниот притвop на Кичеец

Уkинат 30 дневниот притвop на Кичеец

Гостиварскиот апелационен суд доцна попладнево го укина 30 дневниот притвор на Зоран Милески – Кичеец.

Телма дознава дека веднаш потоа решението е испратено до затворот во Шуто Оризари, каде што ја издржуваше мерката притвор. Тоа значи дека тој се враќа на издржување на затворската казна во затворот во Струга.

Ваквата одлука доаѓа откако Кичеец се жалеше на одлуката на гостиварскиот суд со која му беше одреден притворот а го бараше обвинителството. Тој е осомничен дека ја предизвикал сообраќајната несреќа што се случи минатата сабота а во која загина 34 годишен гостиварец, а беа повредени уште осум лица Истрагата утврдила дека Кичеец додека бил на прекин од издржување на затворската казна, возел кон Скопје, но на патот Кичево – Гостивар претекнувал на полна линија, по што дошло до судирот меѓу неговиот и уште два автомобили.

Инаку тој се уште ја издржува 3 годишната затворска казна за случајот “Рекет”. Но, и покрај тоа користел погодности и бил на лекување заради тахикардија кога ја предизвика несреќата.