дома Македонија Уkpacyвање за Нова година ќе не чини невepojaтни 200.000 евра

Уkpacyвање за Нова година ќе не чини невepojaтни 200.000 евра

рад Скопје објави тендер за новогодишно украсување на улиците, булеварите и плоштадите низ градот. Проценетата вредност на договорот е 200.000 евра без ДДВ.

-Декорирањето и украсувањето за време на новогодишните празници треба да е на високо естетско ниво, во духот на модерното време на живеење, со современ и атрактивен дизајн, уметнички и ликовни ефекти – сe наведува во тендерската документација објавена на сајтот на Бирото за јавни набавки.

Градоначалникот Петре Шилегов вели дека градот кон почетокот на декември ќе биди украсен, а дали ќе има новогодишен пречек и дали ќе се одржи манифестација „Винтерленд“, ќе зависи од епидемиолошката слика односно од состојба со корона вирусот.