„Фактор“: „Ковачевски има огромна поддршка од крилата од Карпош и на Бранко“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Информативниот портал „Фактор“ најавува дека, наводно, „ќе има големи позитивни промени во СДСМ“ и, повикувајќи се на свои извори пишува:
„Откако заменик министерот за финансии, Димитар Ковачевски потврди дека ќе ја поднесе кандидатурата за иден претседател на владејачката партија СДСМ во рок од 7 дена со подготвена програма, извори на Фактор брифираат дека тој има огромна поддршка од карпошовото крило на СДСМ.“

„Велат дека на 12.декември, за кога се закажани внатрепартиските избори, Ковачевски ќе биде безрезервно поддржан од Радмила Шекеринска, актуелната министерка за одбрана, од Душко Вескоски, кој беше кандидат на СДСМ за градоначалник на Карпош, од ексградоначалникот Стефан Богоевски. Ковачевски ќе има силна поддршка и од Пеце Мирчевски, директорот на Заеднички служби, како и Виктор Исјановски, директор на Здравствен дом Скопје. Изворите на Фактор велат дека на страната на Ковачевски се и Леонид Наков и Игор Ивановски-Шема, луѓето кои во редовите на СДСМ важат за големи приврзаници на Бранко Црвенковски.“

„Синоќа беше прифатена оставката на премиерот Зоран Заев од функцијата претседател на Социјалдемократскиот сојуз. Ќе има големи и позитивни промени во партијата, што ќе биде за доброто на државата. Ова се прогресивни сили, кои на 12.декември сета поддршка ќе му ја дадат на Димитар Ковачевски, кој долги години е во СДСМ и кој е навистина етаблиран кадар во партијата, велат нашите извори.“ – тврди „Фактор“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This