дома Балкан ,,ФАЛАНГАТА“ ОД ДИЈАСПОРАТА СЕ МОБИЛИЗИРАШЕ: Автобусите од Македонија ги тресат на граница

,,ФАЛАНГАТА“ ОД ДИЈАСПОРАТА СЕ МОБИЛИЗИРАШЕ: Автобусите од Македонија ги тресат на граница

Македонската ракометна репрезентација се очекува да има голема поддршка на првиот натпревар на Европското првенство против Словенија кој стартува од 19:30 часот и се игра во загрепска „Арена“, објави порталот Спортклуб.

Исто така, се очекуваат четири автобуси навивачи кои се тргнати од Македонија во секој момент да пристигнат во Загреб. Нивното доаѓање требаше да се случи порано, но истите биле задржани на граница каде биле претресувани. Се очекува да пристигнат во фан-зоната во Загреб која ќе биде отворена од 15:00 часот.