дома Македонија ФАЛА БОГУ ИМ ТЕКНА: 12 нови возила за Итна помош, ќе се...

ФАЛА БОГУ ИМ ТЕКНА: 12 нови возила за Итна помош, ќе се зајакнува и кадарот

Министерството за здравство набави 12 возила за Итната медицинска помош (ИМП) од кои шест ќе му припаднат на Здравствениот дом Скопје, а  по едно ќе добијат службите во Струга, Дебар, Кичево, Крушево, Крива Паланка и во Берово.

Ќе се распишат конкурси за прием на медицински сестри и огласите за прием на млади лекари во ИМП.

Ова денеска го истакна министерот за здравство Венко Филипче, кој заедно со заменик-министерот за здравство Асим Муса и директорот на Здравствен дом Скопје, Злате Мехмедовиќ присуствуваа на промоцијата на возилата. Филипче рече дека службата за ИМП во изминатиот период се соочувала со многу проблеми и дека пристапиле кон нивно систематско решавање, а еден проблемите бил бројот на возила.

Дополнително, одговарајќи на новинарско прашање, министерот Филипче рече дека нема да се прават отстапки од тоа сите деца кои се примаат и во градинките и во основните училишта да бидат вакцинирани. Не смееме кога ги имаме сите инструменти во рацете, кога тоа е пропишано со закон задолжително да се даде таа потврда за вакцинација, да замижиме или да направиме пропуст, па да ни се случуваат вакви епидемии со смртни случаи, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче.