дома Здравје ФАЛСИФИКАТ ГИНЕКОЛОГ ВО ШУТО ОРИЗАРИ: Докторката која работи како гинеколог во Шуто...

ФАЛСИФИКАТ ГИНЕКОЛОГ ВО ШУТО ОРИЗАРИ: Докторката која работи како гинеколог во Шуто Оризари со фалсификувана биографија!

Од болницата тврдат дека д-р Мбиара никогаш не била вработена кај нив, откако гинекологот самата кажа дека има работено таму.

Лекарката Вјолца Мбиара никогаш не работела ниту пак, била вработена во Американската болница во Тирана. Изјавата на д-р Вјолца Мбиара во врска со Американската болница е неточна и измислена и сериозно го нарушува угледот на нашата компанија во регионот, тврдат од Американската болица во Тирана.

Во дописот кој го испратија од оваа болница се повикуваат на текст објавен на Плусинфо во кој се пренесува соопштението од Министерството за здравство за започнување о работа на гинекологот во амбулантата во Шуто Оризари.