дома Социјални Мрежи ФАМИЛИЈАТА РУЖИН БАРА ОД СДСМ ДА ИМ СЕ ИСПЛАТИ ДОЛГОТ: Подмирете...

ФАМИЛИЈАТА РУЖИН БАРА ОД СДСМ ДА ИМ СЕ ИСПЛАТИ ДОЛГОТ: Подмирете го долгот, инаку “Auf Wiedersehen”!

Откако пола функционери на СДСМ и власта добија милионски суми од Фондот за иновации, дел од нив добија фукнции и работни места, други пак милионски тендери, останата половина остана незадоволна и почна да се жали по социјалните мрежи. Имено синот на Нано Ружин висок функционер на СДСМ, Алекс Ружин на социјалните мрежи се пожали бидејќи како што вели не е задоволен од животот кој го донесе Заев, и сериозно размислува за земање на бугарски пасош и напуштање на државата. Тој бара долгот да се подмири инаку власта ќе дочека едно големо Auf Wideresehen.

-Читам едни кои се задоволни и кои се фалат секојдневно на соц. мрежи околу личните успеси, кои ги постигнале преку функциите што ги добиле од новата власт. Многумина од нив ми се добри пријатели и во приватниот живот и мило ми е што се среќни. Но другари, не заборавајте како се чувствуваат и оние од другата страна, кои се незадоволни и разочарани затоа што им било ветувано, а сеуште ништо не добиле!

Седат дома и се нервираат. Деновите им се долги, за одмор сигурно немаат. Масовно размислуваат околу бугарски пасоши. Им се потсмеваат вмровци, па во помалите места и на улица не излегуваат. Е, мене и тие ми се пријатели, пијам кафе и со нив и ги слушам нивните маки.

Меѓу нив, искрен да бидам, има многу поголеми борци и од некои од вас – наградените! Луѓе кои во буквална смисла 11 години рушеа режим. И не само со пенкало и на Фејсбук, туку и на улица. И без пари. И без било каков надомест.

Од чиста идеологија. Од пуста желба за демократска држава. Сите заедно предводени од вас политичарите, го симнавме Грујо. Ни вие не можевте без нас, ни ние без вас. Долгот треба да се подмири другари. Крајно време е. Во спротивно, колку повеќе едните се фалат, толку другите се пофрустрирани и повредени. И ги губите. Полека, но сигурно, ќе го дочекате нивното “Auf Wiedersehen, напиша Алекс Ружин на својот Фејсбук профил.