дома Свет ФАТЕНИ КАКО ДЕЛАТ ПРОПАГАНДЕН МАТЕРИЈАЛ ПРЕД ИЗБИРАЧКО МЕСТО: Големи избори прекршоци во...

ФАТЕНИ КАКО ДЕЛАТ ПРОПАГАНДЕН МАТЕРИЈАЛ ПРЕД ИЗБИРАЧКО МЕСТО: Големи избори прекршоци во Филаделфија!

Поддржувачи на Клинтон се фатени и снимени како извршуваат изборен прекршок пред гласачко место во Филаделфија додека делеле материјали на Демократската партија на само неколку метри од гласачкото место

На снимката се гледаат двајца Афро-американци како делат пропаганден материјал на само неколку метри пред гласачкото место, охрабрувајќи ги гласачите да „го притиснат копчето број 1“ за Демократите. Материјалот бил платен од „Демократскиот округ“ во Филаделфија.

Државниот закон во Филаделфија предвидува сите лица „освен изборни службеници, работници и инспектори за гласачките машини, набљудувачи, лица кои го спроведуваат гласањето, лица кои законски даваат помош при гласање на гласачите, полицајци смеат да бидат поблиску од 10 метри до гласачкот место“.

Ова е само еден од многуте изборни прекршоци регистрирани во Пенсилванија.

Си-Би-Ес објави дека голем број на гласачи се соочиле со „проблеми“ при гласањето на гласачките машини. Поточно, при изборот да гласаат за Трамп, машината автоматски нивните гласови ги префрлала на сметка на Хилари Клинтон.