дома Хроника Фатен на лице место: Kpaдец фатен среде тешка kpaжба

Фатен на лице место: Kpaдец фатен среде тешка kpaжба

Полициски службеници од СВР Скопје денеска го лишија од слобода М.Х.(49) од Скопје, кој бил затекнат при извршување на кривично дело „тешка кражба“ во деловен субјект на улицата „Македонско-косовска бригада“ во Скопје.

Како што информира МВР, кај него биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривично дело и алат со кој ја извршил кражбата.

Во координација со Јавен обвинител, по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.