дома Македонија ФАШИСТИЧКИОТ ГЕПЕК НА МИРЈАНА НАЈЧЕВСКА: Кога владата станува антидржавна, на рати умира...

ФАШИСТИЧКИОТ ГЕПЕК НА МИРЈАНА НАЈЧЕВСКА: Кога владата станува антидржавна, на рати умира нацијата!

Кога владата станува антидржава, на рати умира нацијата. Порано, во времето на комунизмот, велеа: Македонија ќе ја населиме и со Кинези, само да се комунисти. Денес, повторно, истите и нивните наследници придодаваат: Македонија ќе ја населиме со бегалци и мигранти од Блискиот Исток, Африка и Азија, само да не се Македонци.

И не еднаш се огласиле трабантите на актуелната номенклатура против Македонците од Егејскиот дел на Македонија. Колку за незаборав, неуставно и незакоснки, само во 1994 година издадоа 150.000 македонски државјанства на Албанци од Косово, заради владината коалиција СДСМ-ДУИ и претседателскиот мандат на Киро Глирогов. Денес тие не живеат во Македонија, ги има само во книгата на државјани и матичната евиденција, на повик гласаат кога треба територии да се освојуваат, мора да се ревидираат!

Кога ќе се соочите со реалноста, дека партијата на власт која до вчера се прогласуваше за државотворна, заради сласта за власт и страст за моќ и пари, склучи договор со Софија откажувајќи се од македонскиот јазик, култура и историја, дека има намера целата територија на Македонија да ја прогласи за двојазична според “Тирана платформата“, за себе вели дека повеќе не е патриотска туку албанска, а на Атињаните им предлага промена на името на државата во која владее, не се ни чудо изјавите на Мирјана Најчевска, Љубомир Фрчковски, Борјан Јовановски, за Македонците од Егејскиот дел на Македонија. Лебди прашањето: Која лоботомија ја доживеале луѓево, од каква шизофренија доживеале ментално растројство?

Да, сега актуелна е бегалската криза и шпекулациите дали Владата договорила прифаќање на бегалци и мигранти на територијата на Македонија, колку и под кои услови. Читајќи ги Стратегијата за интеграција на бегалци и странци 2017-2027 година и Националниот акциски план за интеграција на бегалци и странци 2017-2027, како и измените на Законот за државјанство, со олеснети услови за прием на бегалци и мигранти во македонско државјанство, не може да ве ослободи (по)мислата: Што актуелната влада сака да создаде од државата Македонија?

И секако неизбежната Мирјана Најчевска: “Јас мислам на тие тетките што потпишуваат петиции против мигрантите да им ги земеме сите продукти кои не се чисто македонски (облека, покуќнина, храна, алатки…) Ако меѓу нив има потомци на Македонците од Егејска Македонија, веднаш гепек да ги вратиме од каде што дошле, а доколку имаат блиски во било која друга држава освен Македонија, да ургираме да им бидат вратени со првиот авион. Или, странците се добри само кога даваат, а кога им треба помош треба да бидат шутнати како бесни кучиња? Срам и арам да им е.“

Ете тоа е збеснатата Мирјана Најчевска која подолго време го труе етерот во Македонија и македонските деца кои ги воспитува. Државата и’ ја плаќа неукоста за да ги деформира студентите на кои ги индоктринира и им предава.

До неа и оној Борјан Јовановски, кој се чувствувал разочарано, замислете, поради анти-расположението на Македонците кон бегалците и мигрантите: “Повеќе од една поливина Македонци се здомени по развиените држави во Европа, САД, Канада и Австралија од каде што доаѓа и најголемиот прилив на странски валути ама НЕ… Ние сме баш тие кои сме најнепријателски расположени кон бегалците… тажно.“

Колку за неупатените, со аудитивни халуцинации, параноични или бизарни илузии, неповрзан говор и мислење, придружени со значителна социјална и професионална нарушеност: Дами и господо, нам, бегалци и мигранти не ни доаѓаат од Европа, САД, Канада и Австралија. Македонија не е соседска држава со Авганистан, Ирак, Сирија, Либија, Судан, Сомалија и Етиопија. Македонија вдоми речиси 400.000 бегалци од Косово, за време на НАТО-бомбардирањето на Србија во 1999 година. Ама, Косово е соседна држава на Македонија. Се’ уште во Македонија живеат мигранти од Косово, Роми и Маљоци, кои не мислат да се вратат назад, затоа што Албанците Косовари тоа не им го дозволуваат!

Нам, бегалци и мигранти ни доаѓаат од територијата на Европската Унија! Ќе шпекулираме ако кажеме не сме членка на Европската Унија, немаме обврска да ги примаме. Македонија од 1 април 2004 година, откако сите земји членки на ЕУ ја ратификуваа, е во Спогодба за асоцијација и стабилизација со Европската Унија, можеби таму постојат обрвски за прифат на бегалци и мигранти и во Македонија. Некои ќе дополнат, во Европската Унија, и кај тие со тренд за зачленување, важи солидарноста, бегалската криза треба да се сподели. Но, и тоа е ирелевантно, бидејќи земји членки на Европската Унија отфрлаат прифат на бегалци и мигранти од Блискиот Исток, Африка и Азија: од Вишеградската група Полска, Унгарија, Чешка и Словачка, но и Австрија. Велика Британија со референдум веќе го напушти членството во Европската Унија! Отфрлаат прифат на бегалци и мигранти што ја менува етничката и верската карта на државата и нацијата!

Нам бегалци и мигранти ни доаѓаат од Грција, која е членка на Европската Унија! Грција не е земја во криза! Грција не е со војна зафатена територија!

Од Балканските војни 1912-1913 година Македонците се жртви на геноцид од окупаторските држави Србија, Бугарија и Грција, Македонија е под окупација на Белград, Софија и Атина. Со етничко чистење и механички прилив на инородни и иноверни доселеници, Македонците веќе сто години од сите страни се сардисани. Македонците во Републиката се соочени со тивко етничко чистење од Албанците со механички прилив од Албанија и Косово. Во 2001 година година терористичките организации ОВК и ОНА, кои денес се власт во Македонија и на Косово, водеа војна за етничко чистење на Македонците од Македонија, прогласуваа “слободни зони“, “ослободуваа албански земји од славо-македонските окупатори“.

Не смее да се заборави, дека основа на Охридскиот рамковен договор од 13 август 2001 година после војната е непроменливост на етничката и верската карта на Македонија!

Срамно е ако се каже дека Македонците се негостољубиви, расисти, ксенофобични и непријателски расположени!

Секое доселување на инородно и иноверно население во Македонија, поради нарушување на етничкиот и верскиот баланс, ќе ја дестабилизира и неа и регионот во целина! Тоа не смее да се дозволи!

Европа е речиси “запалена“ односно дестабилизирана од бегалската криза, соочена со масовно нарушување на редот и мирот, кражби, силувања, уништување на туѓ имот, убиства, терористички напади! Прифатот на бегалци криза долгорочно ја менува етничката и верската карта на Европската Унија! Брисел и Стразбур самите треба да решат, како ќе се справуваат со бегалците и мигрантите, затоа што нема војна во светот каде не продаваат демократија која започнува како етничка и верска, а завршува со демаркациони линии на етничка и верска основа. Се разбира, Македонија не е причина за војните низ светот предизвикани од НАТО и Европската Унија! Но, Македонците нема да прифатат поради тоа, колатерална штета да биде Македонија!

Во такви услови да населуваш бегалци и мигранти, инородни и иноверни, од кризни региони со војни зафатени, од Блискиот Исток, Африка и Азија, да им даваш под олеснителни услови државјанство, а веќе си им го одзел правото на македонско државјанство на Македонците по потекло во светот во 2004 година заради владината коалиција СДСМ-ДУИ, па уште и да навредуваш, е умноболно!

Македонците од Егејскиот дел на Македонија беа насилно протерани од Атина во Балканските војни 1912-1913, Првата Светска Војна 1914-1918, Втората Светска Војна 1939-1945 и Граѓанската Војна во Грција 1946-1949 година. Србија, Бугарија и Грција извршија окупација врз Македонија и геноцид врз Македонскиот народ во целина. Македонците се жртви и на насилна размена на население со Нејската Конвенција меѓу Бугарија и Грција од 27 ноември 1919 година, и со Лозанската Конвенција меѓу Грција и Турција од 30 јануари 1923 година… Македонците православни од Егејскиот дел на Македонија беа депортирани во Бугарија, а Македонците муслимани во Турција. На нивните родни огништа се доселени инородни Понди, или Маџири, туркофони од Азија и Турција, Грците до денес не им дозволуваат да се вратат, ги лишија од правото на државјанство, имотните и наследните права, граѓанските слободи!

Да не беа насилно прогонети Македонците од Егејскиот дел на Македонија од грчките андарти во војните од 1912 година, Македонија денес ќе беше со главен град Солун, до Олимп, заедно со Белото Море. Македонците од Егејскиот дел на Македонија не ќе се населеа во Вардарскиот дел на Македонија, во Република Македонија. Па и да се населија, не дојдоа во туѓина, дојдоа кај свои браќа и сестри, ист народ сме, живееме на иста територија!

Точно, насилно прогонетите Македонци од Егејскиот дел на Македонија за време на Граѓанската војна во Грција 1946-1949 година беа примени во повеќе источно-европски земји: Србија, Полска, Чешка, Словачка, Романија, Унгарија, Узбекистан, Руската Федерација. Но, Македонците не го сменија етничкиот и верскиот состав на населението во тие држави. Некои поради мешани бракови се асимилираа. Многумина заминаа во Австралија, Нов Зеланд, Канада, САД, Јужно-Африканската Република но, диво во овие држави не влегоа, диво во овие држави не се населија…

Ако на бегалците и мигрантите во Грција, крајна дестинација им се земјите на Западна Европа, зошто Брисел и Стразбур, ако толку им се потребни, директно не ги депортираат од нејзината територија, од територијата на Хеленската Република? Туку, мора да транзитираат преку Македонија, Србија, Хрватска, Словенија, Унгарија и Австрија, со сите проблеми кои ги носи животот без дом, без секс и без пари, а гладни и необлечени…

Всушност, не станува збор за инцидентни случаи на мигранти кои бараат азил, туку станува збор за преселба на цели народи од континенти и држави! Која е мерката за прием или транзитирање, ако се шекулира со 65 милиони бегалци и мигранти од Африка и Азија, кои чекат поволни услови за пат кон Европа? Кој ќе одредува колку бегалци и мигранти Македонија треба да вдомува?

Решението не е прифат или добредојдовте, туку цеосна забрана за транзит и азил на бегалци и мигранти од Грција преку и во Македонија! И тоа не од други, туку токму поради хумани причини, да не лутаат по балканскиот коридор, изложени на напади и пљачкосувања, со сите ризици по здравјето и животот…

Да немаш дел од оваа колективна меморија на нацијата, за окупацијата врз Македонија и геноцидот врз Македонците, мора да си пациент на индоктринирана лоботомија!

Пимерот со германскиот супермаркет како показ за расизам и колку се важни и бројни странските производи покрај домашните, што Мирјана Најчевска го одбрала, е антипод на пример за доказ дека бегалците и мигрантите треба да се вдомат и интегрираат. Странските производи и натаму треба да се произведуваат во странство, од таму од каде што се купуваат, а не со производителите во Европа и во Германија! А на бегалците и мигрантите треба да им се забрани да транзитираат и влезат во Македонија!

И уште нешто, тие што се најгласни со “добредојде“ за бегалците и мигрантите, ни еден нема дома да прифатат. Ама, најгласни се да ги сместат до некоја сиромаштија, за кога утре ќе избијат нереди, не ТИЕ, туку полицијата да ја пуштат да ги вразумува… Да не зборуваме колку грантови делат соросовите невладини за “сервисирање на бегалците и мигрантите“…

По се’ изгледа, кој гроб на друг копа, во него други ќе го закопат. А, да не заврши Мирјана Најчевска во сопствениот фашистички гепек, наместо Македонците од Егејскиот дел на Македонија?!

И да се против бегалците и мигрантите од Блискиот Исток, Африка и Азија, Македонците имаат право љубоморно да ја сочуваат територијата што историски им (пре)остана! Несоодветна и лицемерна е споредбата на децата бегалци од Граѓанската војна во Грција 1946-1949 година со бегалската криза 2016-2017 година! Токму тие кои прават такви споредби се расисти, но пред се’ кон сопствената нација, наци-фашисти!

 

 

Пишува
Тодор Петров