Фајзер, Бионтек и Модерна ќe зapaбoтaт 32 милиjapди дoлapи cлeднaтa гoдинa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

До пред неколку недели сè беше неизвесно, а потоа Велика Британија започна да ја користи вакцината, најпрво само за постара популација. Кон тоа се придружија и САД, и сега веќе можеме да зборуваме за „појасни бројки“, т.е. за тоа колку фармацевтските компании што ги прават вакцините, можат да заработат само во 2021 година.

Експертите од Волстрит проценуваат дека Фајзер (во соработка со Бионтек) и Модерна ќе заработат дури 32 милијарди долари приходи од вакцината против следната година. Си-Ен-Ен понатаму објави дека „вредноста на нематеријалните средства (репутација) на овие две компании не е вклучена во тоа“.

Таа вредност може драстично да се зголеми доколку помогнат да се стави крај на најголемата здравствена и економска криза на модерното време. 

Значи, станува збор за „мали“ компании, кои им беа познати само на неколкумина од пандемијата, а сега се гиганти во областа на фармацијата и биотехнологијата. Таков пример е Модерна, која е на чекор од добивање дозвола од Администрацијата за храна и лекови во САД, со цел да се започне со дистрибуција на вакцини.

Банкарските аналитичари Морган Стенли велат дека само Фајзер може да заработи 19 милијарди долари во 2021 година, над 975 милиони долари оваа година. Тој приход се дели со партнер од Германија, Бионтек. Аналитичарите одат чекор понатаму, фокусирајќи се на 2022 и 2023 година, кога гигантот може да оствари нови 9,3 милијарди долари приход.

Тоа е рок до кога мнозинството од глобалното население треба да се вакцинира.

Модерна веќе вреди околу 62 милијарди долари, а нејзините акции скокнаа за неверојатни 700%. Морган Стенли вели дека најмалку половина од таа капитализација е поврзана со вакцината „ковид-19“. Голдман Сакс дава модерна слика за иднината за Модерна, со прогноза дека во 2021 година ќе заработи 13,2 милијарди долари од продажба на вакцината.

Ова се, навистина, зачудувачки бројки за компанија која имала „само“ 60 милиони долари приходи во 2019 година, и никогаш порано не лиценцирала некој од своите производи. “Тоа е епска приказна. Историско достигнување во развојот на лекови. Создавањето нова технологија во толку млада фирма, која ќе биде подготвена во моментот на најтешката пандемија во последните сто години, е тешко да се замисли”, рече Алан Кар, кој е познат аналитичар.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This