дома КОВИД-19 (Коронавирус) Фајзер ги oбjaвyвa пpвитe peзyлaти oд тecтиpaњeтo co тpeтa дoзa

Фајзер ги oбjaвyвa пpвитe peзyлaти oд тecтиpaњeтo co тpeтa дoзa

Фајзер соопшти дека трета доза вакцина во новата студија примиле лица кои се вакцинирани во втора доза пред осум или девет месеци.

Податоците за ефикасноста од третата доза, Фајзер ги предал во американската Агенција за храна и лекови.

Од Фајзер тврдат дека нивната трета доза вакцина е како дополнителен засилувач на имунитетот, ефикасна против многу заразната делта мутација на Ковид-19, покажуваат првите податоците од истражувањето кое е во тек.

Фајзер и БиоНтек сметаат дека првичните податоци се многу ветувачки.

-Податоците кои досега ги видовме сугерират дека третата доза од нашата вакцина предизвикува високо ниво на антитела кои значајно го надминуваат бројот на антитела кој се јавува по примени две дози, вели шефот на Фајзер, Алберт Боурл.

Компанијата соопшти дека трета доза во новата студија примиле лица вакцинирани со втора доза пред осум или девет месеци. Подобрена реакција на имунитетот е забележана кај оригиналниот тип на SARS-CoV-2 вирусот, но и кај бета и делта мутациите.