Американската фармацевтска компанија „Фајзер” и германската „БајонТех“, по завршените клинички испитувања на заедничката вакцина против коронавирус, соопштија дека нејзината ефективност е на ниво од 95 проценти, соопшти денеска „Си-Ен-Би-Си“ повикувајќи се на изјави од компаниите.
Претходно се велеше дека ефективноста на оваа вакцина е 90 отсто.
– Нашата вакцина обезбедува високо ниво на заштита од ковид-19 по само 29 денови од првата доза, соопшти генералниот директор на „BioNTech”, Угур Сахина.
Според произвидителите, ефективноста на вакцината е еднаква за сите возрасти, раси и националности.
Сепак, се наведува дека ефективноста на вакцината кај луѓето во поодмината возраст, кои се во ризичната група, е некаде пониска од 94 проценти.