„Фајзер“ иcпopaчa вakцини дypи и нa aфpикaнcки земји, a cпopeд пepцeпциjaтa нa влacтa нe дocтaвyвa вeќe мeceц дeнa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Земјите во светот секој ден добиваат по илјадници вакцини од „Фајзер“, а власта упорно ги убедува македонските граѓани дека оваа компанија изминатиов период нема доставувано вакцини.

Бројките и статистиката од светот укажуваат сосема различно од наводите на власта. „Фајзер“ во последен период испорача вакцини дури и во африкански земји, Кенија доби околу еден милион вакцини, Руанда над 340.000 вакцини, Судан околу 800.000, Гамбија 36.000 вакцини, Сенегал 324.000 вакцини. Дури и пред неколку дена Молдавија, која не е земја членка на НАТО, ниту е блиску до почеток на преговори со ЕУ доби 21.000 вакцини од ЕУ.

„Да споделам една коресподенција која јас и еден од нашите министри ја имавме со најголемата компанија „Фајзер“ пред Нова Година, кога се обративме во седиштето. Прво не прашаа која е големината на потенцијалните консументи, и кога кажавме дека сме околу два милиони луѓе, разговорот брзо заврши. Рекоа дека во овој момент имаме неверојатно навалување на држави со стотици милиони жители. Така била политиката, да не разговараат со држави помалку од 2 милиони жители“,  рече претседателот  на државата, Стево Пендаровски во гостување во емисија на ТВ21 минатата недела, кој додаде дека системот „Ковакс“ потфрлил.

Пендаровски откри дека нашата земја барала преку единствениот наш жив Нобеловец Ферид Мурад, кој бил во бордот на „Фајзер“ да помогне, но залудно.

„Се јавувавме секаде, по служби, по држави, по поранешни дипломати сегашни. Пред два месеци добивме информација од наши извори дека единствениот наш жив Нобеловец Ферид Мурад е во бордот на „Фајзер“. Дојдовме до него, се обративме, да помогне. Практично сите ги користеле тие приватни релации, сите земји. И во контекст на ова израелскиот премиер вели: Благодарам на главниот на Фајзер што не ги заборави своите Евреи и еврејскиот народ. Така што сите имаат користено свои контакти, само што предност имаат големите земји“, изјави претседателот на државата, Стево Пендаровски во гостување во емисија на ТВ21.

„ВАКЦИНИ, НЕМА! Тотална неспособност. Од 30-ти декември до 26-ти февруари министерот транспарентно информира за постигнување, дефинирање, допрецизирање, финализирање на договорот со „Фајзер“, за на крај Претседателот да ни каже дека „Фајзер“ не сака да разговара со држави под 2 милиони жители??? Кој е овде луд, кој збунет а кој нормален??? Има ли некој нормален??? Како тогаш Кенија доби еден милион вакцини, Руанда 340.000 вакцини, Судан 800.000, Гамбија 36.000 вакцини, Сенегал 324.000 вакцини. Пред неколку дена Молдавија, која не е  земја членка на НАТО, ниту е блиску до почеток на преговори со ЕУ доби 21.000 вакцини од ЕУ. Како Србија има вакцинирано над 1.000.000 лица. И Албанија почна со вакцинација, а нашите власти тврдат дека одлично се справуваат со кризата“, напиша доктор Ленче Нелоска на социјалните мрежи пред неколку дена.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This