„Фајзер“ тecтиpa тaблeтa пpoтив Koвид-19, се зeмa вeднаш по пpвитe cимптoми

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Компанијата „Фајзер“ која ја лансираше првата одобрена вакцина против коронавирус, ја спроведува првата фаза на клинички испитувања на антивирусна орална терапија што може да ја земе пациент со Ковид-19 кога ќе ги развие првите симптоми.

Во случај на добри резултати, ова би можело да биде првата орална антивирусна терапија за коронавирус.

Таблетата се тестира во САД и се потпира на инхибитори на протеаза – ист вид технологија што се користи за лекување на ХИВ и хепатитис Ц, пишува „Форбс“. Студијата вклучува плацебо групи со студии за единечна и повеќе дози.

Компанијата проучува и интравенски антивирусен лек за лекување, кој сега е клинички тестиран на пациенти со Ковид-19.

„ Заедно, овие двајца (орален и интравенски антивирусен агенс) имаат потенцијал да создадат третман што ја надополнува вакцинацијата“ рече главниот научен службеник на „Фајзер“, Мајкл Долстен.

Вакцинациите и терапевтските третмани можат да бидат начин за враќање во нормалните активности. Единствениот антивирусен третман против Ковид-19 одобрен од американската Администрација за храна и лекови (ФДА) е терапија со ремдесивир, но клинички студии сугерираат дека лекот не е многу ефикасен во лекувањето на Ковид-19, туку може да спречи репликација на вирусот во телото. САД одобрија итна употреба на други третмани: третмани со антитела развиени од „Ели Лили“ и „Регенерон“ и комбиниран третман со употреба на ремдесивир и барицитиниб (антиинфламаторно средство).

„Фајзер“ ќе сподели детали за студијата и претклинички податоци на 6 април за време на состанокот на Американското хемиско друштво.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This