дома Технологија ,,ФАЈНЕНШЛ ТАЈМС: „Епл“ експлоатира кинески средношколци

,,ФАЈНЕНШЛ ТАЈМС: „Епл“ експлоатира кинески средношколци

Компанијата „Епл“ призна дека ученици од кинески стручни училишта работеле на производство на делови за Ајфон во фабрика на „Фокскон“, и тоа многу подолго отколку што е дозволено.

Признанието уследи откако „Фајненшл тајмс“ претходно објави дека 3.000 студенти од кинескиот град Женгжу работат до 11 часа дневно за тајванската компанија „Фокскон“, иако, според кинескиот закон, дозволено е до 40 часа неделно.

Весникот наведува дека новинарите разговарале со ученици од стручни училишта на возраст од 18 и 19 години, кои изјавиле дека училиштето ги принудило да одат на пракса во „Фокскон“. Наводно, им била кажано дека мора да стекнат работно искуство, инаку нема да добијат диплома.