дома Балкан ФАЈНЕНШЛ ТАЈМС СО ЛАДЕН ТУШ ЗА МАКЕДОНСКАТА ВЛАДА: Србија прва во во...

ФАЈНЕНШЛ ТАЈМС СО ЛАДЕН ТУШ ЗА МАКЕДОНСКАТА ВЛАДА: Србија прва во во светот по бројот на директни надворешни инвестиции

Србија се најде на првото место во светот по бројот на странски директни инвестиции „гринфилд“, објави денес реномираниот британски „Фајненшл тајмс“

Според најновата ранг-листа за 2019 година, објавена од сп „Фајненшл тајмс“ (ФТ), Србија е на врвот на рангирањето со индекс од 11,92 поени, што е за 1,33 индексни поени повисоко од минатата година.

Србија привлече околу 107 проекти за СДИ во 2018 година, што е за 26 повеќе од 2017 година, што претставува зголемување за скоро една третина.

– Србија со рејтинг од 11,92 привлекува скоро 12 пати повеќе странски директни инвестиции, отколку што може да се очекува од економија таа големина – се наведува во текстот.