дома Македонија ФЕТАИ НАЈАВИ НОВИ ДОКАЗИ ЗА „МОНСТРУМ“: СЈО ќе изведе нови докази за...

ФЕТАИ НАЈАВИ НОВИ ДОКАЗИ ЗА „МОНСТРУМ“: СЈО ќе изведе нови докази за масакрот кај Смилковското езеро

Обвинителката Фатиме Фетаи на денешното рочиште во случајот „Монструм“ најави нови докази кои ќе бидат изведени во текот на постапката. Со денешното рочиште почна повтореното судење за овој предмет во кој на 12 април 2012 година беа убиени пет лица кај Смилковско езеро.

На денешното рочиште присуствуваа сите обвинети освен првообвинетите Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, кои се во бегство.

СЈО и понатаму ги товари обвинетите за тероризам. Фетаи рече дека останува на истото обвинение, но дека ќе бидат побарани измени од фактичка природа.