Физичкa пpecмeткa вo Дeбapcкo: Eднo лицe имaлo пиштoл бeз дoзвoлa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Двајца жители од дебарското село Отишани го нарушиле јавниот ред и мир, со физика пресметка а кај едниот од нив полицијата пронашла пиштол кој го поседувал без дозвола.

-Вчера околу 16:00 часот, во дебарското село Отишани, нарушен е јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Е.К.(45) и А.С, (41), двајцата од истото село. Дополнително, при претрес во домот на А.С., пронајден и одземен е пиштол марка „Еко Специјал“, за кој, во моментот не поседувал соодветна документација, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.

Додаде дека по целосно расветлување на настанот, Одделението за внатрешни работи од Дебар ќе поднесе соодветна пријава.

Инаку, на подрачјето кое го покрива ОВР-Дебар, во текот на изминатата недела полициските службеници издале на 80 прекршочни платни налози за неносење заштитна маска.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This