дома Свет Филипините им нудат медицински лица на Германија и Велика Британија во замена...

Филипините им нудат медицински лица на Германија и Велика Британија во замена за вакцини

Филипините ќе дозволат илјадници здравствени работници од таа земја да бидат вработени во Велика Британија и Германија, доколку тие две земји се согласат да донираат вакцини против вирусот корона на Филипините, изјави денеска директорот на Канцеларијата за меѓународни работи при Министерството за Труд, Алис Висперас.

Министерството за здравство на Велика Британија објави дека не е заинтересирано за ваков договор и дека приоритет е употребата на вакцини во земјата, но соопшти дека во иднина ќе го дели вишокот на вакцини на меѓународно ниво.